Вие сте во:
Македонико >> Помош при барање -
.
 

Што се пребарува на овој пребарувач?
На овој пребарувач може да се пребаруваат информации за фирмите чии веб-сајтови се изработени и хостирани на сајтот на www.makedoniko.com, како и имињата и информациите за фирмите кон кои имаме линкови од рубриката "Мак Web-Адресар". Многу потемелно и побогато е пребарувањето на информации кои се поврзани со оние фирми чии веб-страници се хостирани кај нас. Пример, фирмата Олимпико од Скопје, дистрибутер на многу типови гуми за моторни возила, чиј веб-сајт е хостиран кај нас. Нивниот веб-сајт ќе го добиете во резултатите од пребарувањето ако ги внесете не само зборовите "олимпико" и "olimpiko", туку и "гума", "michelin", "pirelli" и сл.

Multilanguage support.
Добар дел од информациите на веб-сајтовите се испишани со користење на т.н. "multilanguage support". Доколку ја инсталирате оваа опција на вашиот компјутер, ќе имате можност зборовите кои ги пребарувате да ги внесете во пребарувачот на кирилица. Ова може да е од корист при пребарувањето. Пример, веб-сајтот на часовничарот Omega од Скопје може да се најде по пребарување и на зборот "casovnik", но и на зборот "часовник". Испишувањето на втората опција е можно само ако го извршите инсталирањето, кое е лесна и кратка процедура:

  1. Кликни на копчето Start, потоа оди на опцијата Settings и одбери Control Panel;
  2. Во Control Panel, кликни на иконата Add/Remove Programs и одбери Windows Setup;
  3. Во менито наречено Components, пронајди ја опцијата Multilanguage Support;
  4. Штиклирај го белото квадратче веднаш до опцијата Multilanguage Support, и потоа кликни на "OK";
  5. Рестартирај го компјутерот;
  6. Врати се повторно во Control Panel и кликни на иконата "Keyboard";
  7. Одбери ја опцијата "Language" и кликни на "Add";
  8. Пронајди ја опцијата "Macedonian" и кликни на "OK";
  9. Процесот е завршен тука, а опцијата за користење на македонско кирилично писмо е во долниот десен крај на мониторот во Status Bar. Кликни еднаш на малата икона и одбери "MK".

Синтакса.
Доколку зборот кој го барате го внесувате со латинични букви, обидете се да ја следите следнава синтакса:

ш = s         ѓ = g, gj
ж = z          ч = c
ќ = k, kj     џ = dz
љ = lj         њ = nj

Што се пребарува на Web Search пребарувачот?
Овде се пребаруваат информации од светската интернет мрежа. Овде не се пребаруваат информации на www.makedoniko.com, ниту информации за други македонски веб-сајтови, туку информации од светскиот "World Wide Web". Се внесува збор во полето кај фразата "Web Search", потоа се одбира една од најреномираните светски пребарувачи (Yahoo, Altavista, Excite, Lycos и тн.) и се кликнува на копчето "Go". Ги добивате потполно истите резултати како да сте посетиле некоја од овие пребарувачки веб-сајтови и оттаму сте го барале зборот, само што оваа опција е побрза затоа што на едно место дава можност истиот збор да се бара на повеќе светски пребарувачи.

 


.


назад